• slidebg1

Влажни марамчиња

GLOSS ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА ЗА СТАКЛЕНИ ПОВРШИНИ

Влажните марамчиња за стаклени површини Gloss наменети се за брзо и едноставно чистење на сите видови стаклени и огледални површини. На ефикасен и лесен начин ги отстрануваат маснотиите, отпечатоците од прсти и другите нечистотии од површините, благодарение на формулацијата базирана на алкохолни растворувачи и на површинско активни материи. Овие марамчиња се погодни и за чистење на стаклата и на огледалата во автомобилот.

Отворете го пакувањето на обележаното место „отворете тука“ , извадете од марамчињата за употреба и пребришете ја површината. За многу валкани површини употребете уште едно марамче. Не е потребно дополнително плакнење со чиста вода ниту пребришување со сува крпа. По секоја употреба цврсто затворете го пакувањето за да се одржи влажноста.
Производот не се користи за лична хигиена. Пред употреба прочитајте го текстот на амбалажата. Да се избегнува контакт со оштетена и со иритирана кожа. Да се избегнува контакт со очите. Во случај на контакт со очите, веднаш исплакнете ги со големо количество на вода. По секоја употреба рацете да се измијат со чиста вода. Да се чува надвор од дофат на деца, на собна температура, подалеку од директна сончева светлина. Не ги користете со други средства за чистење. Не го фрлајте употребеното марамче во WC-школката, туку само во корпа за отпадоци. Не ги употребувајте влажните марамчиња на површини чувствителни на алкохол, како плазма или LCD-екрани. Пред употреба на голема површина, тестирајте го марамчето на помала скриена површина за да се избегнат евентуални несакани ефекти поради различниот квалитет на стаклените површини.