• slidebg1

Совети за чистење

Како до одзатнување на мијалниците и одводните цевки?

Повеќето затнувања на мијалниците и цевките се предизвикани од акумулација на органски материи како што се: маснотија, остатоци од храна и влакна. Со текот на времето тие го забавуваат нормалниот проток на вода низ цевките или комплетно го блокираат.

Gloss средството за одзатнување мијалници и одводни цевки дејствува ефикасно и брзо. Сипете 1/3 од од содржината на шишето и оставете да дејствува 30 минути. Потоа исплакнете го одводот со големо количество топло вода.

За да превенирате затнување на цевките, препорачуваме неделно користење на средството при што доволно е да сипете 1/6 од содржината на шишето.