GLOSS УНИВЕРЗАЛНИ ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА
Gloss влажните универзални марамчиња претставуваат современа алтернатива за едноставно одржување на хигиената во Вашиот дом. Служат за брзо и лесно отстранување на секакви нечистотии и дамки од керамички, метални, пластични и од стаклени површини. Gloss влажните универзални марамчиња имаат потврдено антибактериско дејство. Сјајот кој го оставаат на исчистената површина, дава ефект на блескава чистота, а пријатниот мирис го освежува Вашиот дом. Gloss влажните универзални марамчиња со мирис на лимон достапни се во пакување од 72 парчиња. Gloss влажните универзални марамчиња со мирис на портокал и ментол достапни се во пакување од 56 парчиња.