• slidebg1

Домаќинство

GLOSS СРЕДСТВО ЗА ЧИСТЕЊЕ ЛАМИНАТ И ПАРКЕТ

750 ML

Средство коешто се грижи за хигиената и за негата на дрвените подови. Производ којшто ги чисти и ја дава потребната нега на сите видови ламинати и паркети. Лесно ги отстранува правот и нечистотијата, коишто со текот на времето може да ја оштетат декоративната површина. Чисти без да остави траги и го враќа сјајот на Вашите подови. Остава свеж и пријатен мирис, којшто може да ја освежи целата околина. Брзо се суши и обезбедува долготрајна заштита од влага и од нечистотија на чувствителните подови. Mоже да се употребува разреден, но и концентриран, за полесно отстранување на закоравените дамки и нечистотии.

Разреден: растворете 60 ml од средството во 5 l вода. Нема потреба од плакнење. Неразреден: нанесете од средството на влажна крпа или директно на површината што ја чистите. По чистењето исплакнете. По употреба рацете измијте ги со чиста вода.
Предизвикува иритација на кожата и сериозно иритирање на очите. Да се избегнува контакт со очи, кожа или облека. При контакт со очите: внимателно да се испира неколку минути со вода и побарајте лекарски совет/помош. Садот да се чува убаво затворен. Да се чува подалеку од допир на деца и во затворен сад.