• slidebg1

Влажни марамчиња

GLOSS ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА ЗА КОЖНИ ПОВРШИНИ

Влажните марамчиња за чистење кожни површини Gloss во својот состав содржат површинско активна компонента и заштитни восоци, кои обезбедуваат совршена чистота и нега на кожните површини. Нежно ги чистат, негуваат и ги заштитуваат кожните површини во сите бои. Исчистената површина останува освежена со пријатен мирис и заштитена со дополнителен сјај, благодарение на додаденото силиконско масло во формулацијата. Производот е одличен избор и за одржување автомобилски седишта од кожа, кожни чанти, ремени, кожни палта, чевли и сл. Поради различните типови кожа и боја од коишто се изработени кожните површини, најпрво пробајте го производот на помал дел од материјалот што го третирате. Gloss влажните марамчиња за кожни површини достапни се во пакување од 72 и 20 парчиња.

Отворете го пакувањето на обележаното место „отворете тука“ и извадете од марамчињата за употреба. По секоја употреба, цврсто затворете ја етикетата, за да се задржи влажноста.
Производот не се користи за лична хигиена. Пред употреба прочитајте го текстот на амбалажата. Да се избегнува контакт со оштетена и со иритирана кожа. Да се чува вон дофат на деца! Да се чува на собна температура, подалеку од директна сончева светлина. Производот не смее да се фрла во канализација. По секоја употреба мијте ги рацете со вода.