• slidebg1

Домаќинство

GLOSS УНИВЕРЗАЛНО СРЕДСТВО ЗА ЧИСТЕЊЕ

750 ML

Универзалното средство за чистење е наменето за одржување хигиена на сите видови површини во домаќинството. Ефикасно и брзо решение за отстранување на нечистотиите и на правот во Вашиот дом. Благодарение на вградените адитиви, по чистењето површините се блескаво чисти, сјајни и без траги. Не ја оштетува и не ја гребе површината којашто се чисти. Брзо се суши и не остава лепливи траги. Достапен е во две различни цветни мирисни ноти. Остава пријатен цветен мирис којшто долго трае. Универзален производ за секојдневно одржување хигиена на површини, како: подови, плочки, мебел и др. Може да се употребува разреден или во концентриран облик, зависно од валканоста. Со својата повеќефункционалност, благодарение на тоа што заменува многу производи со слична намена на пазарот, тој истовремено заштедува и пари и време.

Големи површини: ставете околу 60 ml од средството во 5 l вода. Нема потреба од плакнење. Закоравени дамки: ставете неколку капки од средството директно врз дамките. По чистењето исплакнете. По употреба рацете измијте ги со чиста вода.
Предизвикува иритација на кожата и на очите. Да се избегнува контакт со очи, кожа или облека. При контакт со очите внимателно да се испира неколку минути со вода и побарајте лекарски совет/помош. Да се чува подалеку од допир на деца и во затворен сад. Садот да се чува убаво затворен.