• slidebg1

Влажни марамчиња

GLOSS ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА ЗА ДРВЕНИ ПОВРШИНИ

Влажните марамчиња за чистење дрвени површини Gloss се со избалансирана формулација на површинско активни супстанции и силиконски масла, кои ефикасно ја отстрануваат нечистотијата, истовремено негувајќи и заштитувајќи ги дрвените површини во просториите. Влажните марамчиња за дрвени површини Gloss се одличен избор за чистење дрвени и ламинатни подови бидејќи во својата формулација содржат мал процент на силиконско масло кое ги прави површините сјајни без да го остави подот лизгав.

Отворете го пакувањето на обележаното место „отворете тука“ и извадете од марамчињата за употреба. По секоја употреба, цврсто затворете ја етикетата, за да се задржи влажноста.
Производот не се користи за лична хигиена. Пред употреба прочитајте го текстот на амбалажата. Да се избегнува контакт со оштетена и со иритирана кожа. Да се чува вон дофат на деца! Да се чува на собна температура, подалеку од директна сончева светлина. Производот не смее да се фрла во канализација. По секоја употреба мијте ги рацете со вода.